15/03/2018

Состанок со градоначалникот на Демир Хисар

На 15 март 2018 година, претставници на „Мобилност Битола“ имаа првична средба со градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојаноски, и со директорот на комуналното претпријатие, Ацко Трајковски. Од нашето здружение присуствуваа: претседателот прим. д-р Нико Јанков и претседателот на Надзорниот одбор, Димче Христов, додека медијатор беше претседателот на „Порака“ од Демир Хисар, Љубе Димчевски. После запознавањето, во интерес на времето веднаш беше разгледан и решен проблемот со простор за нашето здружение. Имено, општина Демир Хисар ќе ги преземи сите мерки „Мобилност Битола“ да има клупски простории со сите содржини што се потребни. Целокупната подготовка и трансфер на материјални добра ќе биде обврска на општината. Со денешниот состанок овој горлив проблем е веднаш решен. На ред е и потпишување меморандум за соработка, сите обврски кои одат во таа насока ќе започнат веднаш, а официјалното потпишување ќе се случи на самото отворање на новиот простор. Со добар пристап и позитивна енергија започнуваме нова страница во нашата приказна. Добре дојдовте и да продолжиме понатаму со ист жар и желба за остварување на нашите и заедничките стремежи!