10/05/2018

Граѓански ресурсен центар и Отворено партнерство – Влада на РМ

На 10 мај 2018 година, во салата на Советот на општина Битола беше одржана конференција во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Министерството за информатичко општество и администрација и АД „Плус“, со поддршка од делегацијата на ЕУ во Р. Македонија и САД. На конференцијата беа поканети многу граѓански здруженија (Битола има околу 450), а меѓу претставниците на дваесетината здруженија беше и делегација на „Мобилност Битола“. Воведот го направи Емина Нурединоска, медијатор од МЦМС, а излагач беше Валентина Атанасовска. Основата на граѓанските ресурсни центри е да работат на подобрување на информирањето, целите и опкружувањето. За тоа да се оствари, потребни се обуки, поддршка и грантови. Во дискусијата имаше и конструктивни забелешки за кои се надеваме дека во иднина ќе го најдат своето место во шемите. Исто така, да се зголеми и бројот на канцеларии, кои сега се 3 (Скопје, Штип и Гостивар). Во излагањето на Гордана Гапиќ Димитровска од Министерството за информатичко општество, се прикажаа насоките на Владата на РМ што се планираат во иднина и динамиката на нивната реализација. Патнерството кое се прокламира, се надеваме дека во иднина ќе стане реалност, како што размислува и Еми Бенет од Националниот архив на САД.