02/12/2019

Изложба и литературни средби — at Porta Macedonia

На 2 декември 2019 година, во „Порта Македонија“ по јубилеен 10. пат беа организирани и успешно изведени ликовна изложба и литературни средби. Организаторот „Мобилност Македонија“ ги претстави годинашните достигнувања во оваа сфера на лицата со телесна инвалидност, а „Мобилност Битола“ учествуваше со респектибилна делегација и во доменот на литературните средби нашата претставничка Билјана Тодоровска го зазеде високото второ место. Ова е повеќе години со ред нашите членови успешно да се претставуваат и да постигнуваат завидни резултати на оваа манифестација. Ги поздравуваме овие чествувања и успеси и им посакуваме понатамошни успеси. Активностите продолжуваат.