20/12/2025
На 20.12.2025 година, со почеток од 10.00 часот во просториите на ресторанот „Корзо“ се одржа Управен Одбор на „Мобилност Битола“. На дневниот ред беа заокружување на сите настани до 20 декември 2025 година и донесување одлуки и активности до Собранието и идниот Управен одбор. Се дискутираше за остварените настани по програмата за 2025 година и тековните состојби до Собранието. Се заокружија и потврдија сите активности во тековната 2025 година и беа донесени одлуки за активности до Собранието во 2026 година. Беше констатирано дека календарот на настани е доволно исполнет и дека програмата е практично исполнета. Исто така, се донесоа и насоки за идни активности во 2026 година, по барање на Сојузот, а бараните предуслови се реализирани и се подготвува отчет на наша страна. Сѐ на сѐ, успешна година во сложени услови, и покрај недоразбирањата во основните насоки за опстанок на инвалидските организации воопшто. Активностите продолжуваат.