21/12/2025
На 21 декември 2025 година, на покана на нашите пријатели од „Мобилност Штип“, делегација од „Мобилност Битола“ присуствуваше на предновогодишната забава што се одржа во ресторанот „Сутјеска – Тиле“ во Штип. Околу 80 членови и гости поминаа прекрасни мигови во пријатна атмосфера и весело расположение. Покрај нашите членови, меѓу гостите во Штип беа и членовите на „Мобилност Куманово“, како и гости од Србија, со што ова дружење доби и меѓународна димензија. Ги поздравуваме сите вакви позитивни контакти и настани, и се надеваме дека ќе ги има во уште поголем број во иднина. Активностите продолжуваат.