31/12/2025

Новогодишен хуманитарен базар на „Мобилност Битола“

На последниот ден од 2025 година, нашите членови и активисти кои учествуваат во работилниците за плетење со чингелаќе, организираа новогодишен хуманитарен базар со ракотворби, овој пат на платото пред Офицерскиот дом. Со логистичка поддршка од КИЦ Битола, базарот се одржуваше истовремено со програмата на „Зимска приказна“, што придонесе за големиот број посетители. Собраните средства од овој и од претходниот хуманитарен базар што се одржа во „Блис мол“ на 6 и 7 декември 2025, ќе бидат наменети за одржливост и континуитет на работилницата, односно за набавка на материјали за работилниците кои ќе продолжат после празниците. Интересно е тоа што интересот за учество во работилниците постојано расте, и речиси секоја недела имаме нови пријатели и поддржувачи. Во план е и подготовка за реализација на нов хуманитарен базар, за којшто ќе се изработуваат тематски производи за следните празници – 8 март и Велигден. Се надеваме дека оваа активност на нашите членови, пријатели и поддржувачи ќе продолжи со истиот тренд и дека успесите нема да останат незабележани.