27/05/2025
На 27 мај 2025 година, во попладневните часови, на игралиштето во градинката спроти ЦСР – Битола, КСРИ Битола организираше квалификациски натпревар во атлетика за претстојните Спортски игри на „Мобилност Македонија“, на кои се придружи и „Мобилност Битола“. За натпреварот се пријавија вкупно 11 членови и тоа:
1. Васко Милевски
2. Владе Тасевски
3. Златко Доловски
4. Марко Петровски
5. Дарко Спировски
6. Виолета Китановска
7. Билјана Поповска
8. Мендо Дивјаковски
9. Елизабета Узуновска
10. Лидија Велјановска
11. Александар Давидевски
Оправдано отсутни беа Горан Димчевски, Томи Јаневски (пинг-понг), Оливера Наковска Бикова и Златко Биков (стрелаштво) и Тони Радевски (пинг-понг). Од 11 кандидати, практично сите норми ги исполни Елизабета Узуновска, а Васко, Александар и Владе се гранични.
Се надеваме дека догодина ќе има подобри резултати и посилна екипа. Активностите продолжуваат.