15/09/2025
Согласно Одлуката на УО на „Мобилност Македонија“, на 15 септември 2025 година со почеток од 17 часот, сите здружени членки истовремено ги одржаа своите квалификациски натпревари за годинашниот Квиз натпревар на „Мобилност Македонија“, закажан за 21 и 22 септември во Струга. И „Мобилност Битола“ успешно го организираше и изведе квалификацискиот натпревар за квизот, на кој се пријавија вкупно девет членови. Најдобри резултати постигнаа Николче Станојовски со 63 бода, Митко Фидановски со 60 бода и Кире Ангелковски со 54 бода, додека резерва ќе бидат Јоле Стојановски со 49 бода и Васко Котевски со 47 бода. Им честитаме за постигнатите резултати и им посакуваме успех на претстојниот Квиз натпревар во Струга, со надеж дека достојно ќе го претставуваат нашето здружение. Квалификацискиот натпревар се одржа во просториите на „Мобилност Битола“, а оперативната и извршна организација ја реализираше секретарот Митко Фидановски.