10/01/2026

„Мобилност Битола“ со прослава на Стара Нова година / Василица 2026

На 10 јануари 2026 година, членови на „Мобилност Битола“ во клупските простории на здружението ја одбележаа Старата нова година / Василица. Како и секогаш, организацијата е практично во приватен аранжман и тоа го искористија 27 наши членови. Во пријатна атмосфера, со музика, после “вртењето“ на мазникот, парето падна кај нашата членка Васка Крокарова. Се надеваме дека во иднина бројот ќе се зголемува, а дружењето ќе биде се поблагопријатно и конструктивно. Среќна Нова стара нова година и бериќетна 2026 година, здравје и почит на сите, до нови видувања и успеси.